Вести
Приведени директорката и уште двајца раководители во гостиварски „Комуналец“
Три лица, кои се на раководни функции во ЈП „Комуналец“ во Гостивар, предмалку се приведени од страна полицијата. Информацијата ја потврдија и од претпријатието и од локалната самоуправа.
Засега се знае дека полицијата ги привела директорката на претпријатието, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и одговорниот за водовод, Вадедин Дервиши.
Според првичните информации, тоа е направено по наредба на ОЈО Гостивар и се поврзува со состојбата на зголемен број заболени во општина Гостивар.
На последната прес-конференција на здравствените власти беше кажано дека резулатите од анализита на водата во градскиот водовод ќе бидат доставени до истражните органи по што ќе се преземат мерки.
јули 21, 2026


