Сервисни информации
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Безбедна е водата за пиење во Скопје, покажале денешните резултати од испитувањата.
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево информираа за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
– Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 43 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои три примероци се од бунарскиот потег Нерези – Лепенец и два се сирова вода од двете каптажи на изворот Рашче – соопштија од јавното претпријатие.
Како што се истакнува, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
јули 21, 2026

