Connect with us

Вести

Томовски: Од денеска во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода, во фокусот на Владата останува здравјето на граѓаните

Владата будно ја следи состојбата со водоснабдувањето и проблемот што се случува во Гостивар изминативе денови, при што утврдивме дека на граѓаните на Гостивар им е потребна питка вода за пиење и заклучно од денеска и во наредните денови, колку што е потребно, во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода за граѓаните, изјави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски од Гостивар.

Тој информира дека водата ќе биде распоредена на неколку пунктови, 6 или 7, а можеби и повеќе, во зависност од потребите, со цел да не се создава метеж на топлото време.

-Како што кажав, ќе ги следиме препораките од надлежните институции. Апелирам до Гостиварчани и луѓето кои живеат и работат во Гостивар да ги следат препораките на инстиуциите од меродавни достапни институции и медиуми и да не слушаат разни гласини за да можеме да ја заштитиме безбедноста на граѓаните. Во фокусот на Владата останува здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Томовски.

Од Владата претходно за МИА брифираа дека е донесена одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции.

Дистрибуцијата на водата ќе се реализира прелу Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови:

– Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
– Градинка „Пролет“,  ул. Беличица бр. 47
– СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39
– ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
– АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска
– Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг,  ул. Чеде Филиповски бр. 29
– Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35

Истовремено, како што наведуваат од Владата, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба. 

-Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање, велат од Владата за МИА.

Ad
Ad