Вести
Мицкоски на Пиво фест во Прилеп: Ваквите настани се потврда дека поддршката и непосредната комуникација се важни за секоја заедница
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво фест во Прилеп.
-По одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, вечерва присуствував и на Пиво Фест во Прилеп. Имав можност да се сретнам и да разговарам со голем број граѓани, во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.
Тој порачува дека ваквите настани се уште една потврда дека заедништвото, непосредната комуникација и поддршката на локалните манифестации се важен дел од животот на секоја заедница.
јули 18, 2026


