Филм
Том Харди се враќа во третата сезона на популарната серија „Земја на мафијата“
„Британскиот актер Том Харди официјално се враќа во третата сезона на криминалистичката хит-серија „Земја на мафијата“, соопшти Парамаунт, со што стави крај на повеќемесечната драма зад сцената која ја доведе во прашање иднината на еден од најголемите стриминг хитови оваа година. По гласините за несогласувања на снимањето, 48-годишниот актер на состанок во Лондон ги решил недоразбирањата со продукцијата со што го обезбедил своето враќање во серијата.
Харди, кој во серијата го толкува ликот на Хари да Соуза, по завршувањето на снимањето на втората сезона во март се најде во центар на внимание поради нарушени односи со продукцијата.
„Според неофицијални информации, Харди бил незадоволен од честите доцнења на сценаријата, измените во последен момент и насоката во која се развивала приказната. Наводно сметал дека дејството сè повеќе се оддалечува од неговиот лик и се претвора во серија со голем број на ликови“, напиша порталот Пак (Puck).
– Состанокот во Лондон го организиравме со цел да ги надминеме недоразбирањата со актерот. Харди е многу важен за нас и серијата не би го имала истиот успех без него, изјавија членовите на продукцијата. Долго разговаравме и постигнавме договор во корист на двете страни, рекол Батерворт, сценарист и драматург.
Според достапните информации, договорот меѓу нив бил, во идните епизоди да се обрне повеќе внимание на главните ликови. По надминатите несогласувања се очекува наскоро Парамаунт официјално да ја потврди третата сезона на „Земја на мафијата“.
Снимањето на втората сезона на серијата е при крај. Премиерата се очекува оваа година. Снимањето на новите епизоди е во тек. Блиски извори на актерот информираат дека Харди ќе биде дел и од третата сезона на „Земја на мафијата“.
јули 4, 2026

