Connect with us

Свет

Зидојче Цајтунг: Фолксваген планира да ги замрзне платите до 2030 година

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на голем дел од своите вработени низ целиот свет до 2030 година како дел од својата програма за штедење, објави весникот „Зидојче цајтунг“ во своето денешно издание, повикувајќи се на интерни документи.

Според публикацијата, одбивањето да се зголемат платите може да доведе до пад на реалните приходи на засегнатите вработени за околу 10 проценти поради инфлацијата. Плановите би значеле и дополнителни ограничувања за 275.000 вработени во концернот што работат во Германија.

Документите го претставуваат стратешкиот план „Group Target Picture“ одобрен од Управниот одбор, наменет за меѓународно управување. Тој предвидува промена во пристапот кон колективното договарање во различните делови на групацијата.

Новите упатства, што треба да се спроведат од четвртиот квартал, вклучуваат замрзнување на платите до 2030 година со суспендирање на нивното зголемување. Планирани се и намалувања на компонентите на варијабилните надоместоци, дополнителни плаќања и бенефиции, како и намалување на работните места.

Ad
Ad