Connect with us

Вести

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје

СВР Скопје во целост го расчисти случајот во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, извршено на 15 јуни кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје – соопшти денеска прес-службата на Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит-пазар вчера поднесе кривична пријава по итна постапка против И. Д. С. (44) од Скопје поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело.

– Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видеонадзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело – велат од МВР. 

Ad
Ad