Свет
Пезешкијан: Рамковниот договор со САД можност што не смее да се пропушти
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, го оцени како дипломатска победа на Иран рамковниот договор со САД што в петок треба да биде потпишан во Швајцарија.
„Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да и помогне на земјата да излезе од сегашната состојба“, изјави Пезешкијан, додавајќи дека станува збор за ретка шанса што можеби никогаш повеќе нема да се повтори.
Пезешкијан, кој важи за политичар со умерени ставови, повеќепати се заложи за дипломатско решение на спорот меѓу Иран и САД.
Тој изрази надеж дека рамковниот договор ќе придонесе за решавање на многу проблеми со кои се соочува земјата и ќе означи почеток на нова ера.
Иран со години се наоѓа во тешка економска криза поради меѓународните санкции, а состојбата дополнително се влоши по почетокот на израелско-американскиот воен конфликт против Исламската Република.
Доколку Вашингтон и Техеран постигнат трајно решение за спорот околу иранската нуклеарна програма, тоа би можело да отвори пат за укинување на санкциите кон Иран.
јуни 17, 2026

