Connect with us

Свет

Лидерите на Г7 се договорија да го зголемат притисокот врз Русија поради војната во Украина

САД и неколку европски земји денекса се договорија да го зголемат притисокот врз Русија во обид да издејствуваат преговори со цел ставање крај на војната во Украина, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски им се приклучи на лидерите на вториот ден од самитот на Г7 во Франција.

Шефовите на Групата седум водечки индустриски развиени демократии, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп, се согласија дека позицијата на Украина на бојното поле е значително подобрена, изјавија извори од германската влада по разговорите.

– Тие се согласија дека поддршката за Украина мора да се зголеми и дека притисокот врз Русија мора да се засили – наведоа изворите, пренесе ДПА.

На состанокот учествуваа Трамп, Зеленски и лидерите на Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Јапонија. Изворите посочија дека европските лидери претставиле обединет фронт.

„Динамиката се промени“ за Украина, појаснија изворите: Украина е во „позиција на сила“, додека Русија е „под притисок“.

Вашингтон посредуваше меѓу Москва и Киев во обид да се стави крај на конфликтот, но дипломатските напори закочија во последните недели бидејќи војната во Иран го одвлече вниманието на САД. Германија, Франција и Велика Британија се обидуваат да го оживеат процесот и притискаат за улога во идните преговори.

„Тркалото се врти за Украина“, напиша претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен на Х. „Ситуацијата во 2026 година е многу поинаква од онаа во 2025 година. Украина храбро ја држи фронтовската линија. Заморот на Русија отворено се покажува.“

Време е да ја „удвоиме нашата поддршка“, додаде таа во објавата.

Ad
Ad