Connect with us

Скопје

JП Комунална хигиена спроведе акција за чистење во гимназијата „Орце Николов“

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше акција за генерално чистење во СУГС „Орце Николов“. Во текот на акцијата беа собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и дворот на гимназијата.

ЈП Комунална хигиена-Скопје секоја година спроведува и едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чиишто рамки учениците се запознаваат со активностите на Претпријатието и како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.

Ad
Ad