Вести
АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо со потекло од Бразил.
Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенција (птичји грип) во земјата, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена бидејќи била произведена во јануари 2025 година, а во согласност со донесеното решение забранет е увозот на пратки што се добиени од животни што се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Официјалните ветеринари на овој граничен премин поради истата причина, во декември 2025 година, во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки копан.
– Како одговорна институција за безбедноста на храната апелираме до увозниците на храна во земјата да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите, кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет – наведува АХВ.
јуни 16, 2026

