Connect with us

Вести

Николоски: Силен раст од 23 отсто во железничкиот карго-превоз, пуштаме и линија на обиколницата на Скопје за карго-возови

Железничкиот карго-превоз на Коридорот 10 ни е приоритет и сите политики и мерки што ги работиме се однесуваат да го подигнеме карго-сообраќајот и да ја вратиме стратешката позиција на Македонија во железничкиот транспорт – вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Во интервју за ТВ „Сител“ тој потенцира дека во првите месеци од годината, железничкиот транспрот бележи силен раст од 23 отсто.

– Гледате дека инвестиравме многу и гледате дека тоа ни е главен приоритет во моментот. Бев информиран од директорот на ЈП „Железница транспорт“ дека во првите три месеци од оваа година растот во карго-делот е 23 % во стока и 18 в% во финансии, тоа е одлична бројка. А исто така денес бев информиран и од директорот на „МЖ Инфраструктура“, Ивановски, дека најдоцна следниот викенд веќе ќе биде оперативна онаа линија што оди од Драчево до Миладиновци, тоа е практично обиколницата на Скопје, карго-обиколница, со цел карго-возовите веќе да не влегуваат во Скопје. Тоа е добро од три причини. Прво, за да се намали загаденоста во Скопје. Второ, ова е целосно електрифицирана линија и ќе возат само електрични локомотиви. Трето, сериозно се крати патот кога се патува кон Србија, Унгарија, Австрија и така натаму, така што од следниот викенд имаме уште една можност за посилен карго-сообраќај. Ако на тоа се додаде дека заедно со ЕБОР се води постапка на купување карго-локомотиви, мислам дека е јасна приказната – истакна Николоски.

Според него, Македонија ја има гостратешката позиција и само со изградба на брзата пруга земјата ќе ја врати стратешката позиција на главна транспортна рута на Балканот.

– Од есен почнуваме со брзата пруга и мислам дека имаме голема компаративна предност и тука е визијата на премиерот Мицкоски, кој има многу голема улога во развојот на овие проекти. А дека ништо не е случајно, покажува тоа што овој четврток на 18 јуни во Солун ќе имаме средба на највисоко ниво меѓу Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Таму ќе биде и комесарот за транспорт и мобилност и уште еднаш ќе го реафирмираме инвестирањето во Коридорот 10 – нагласи Николоски.

Ad
Ad