Вести
Бегај ги прими акредитивните писма од амбасадорот Трпевски
Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, денеска ги прими акредитивните писма од новиот македонски амбасадор Веле Трпевски.
-Првично, на средбата со амбасадорот Трпевски, Бегај ги пофали многу добрите меѓусоседски односи и соработката меѓу Албанија и Северна Македонија. Ја изрази својата посветеност на понатамошно зајакнување на овие односи во интерес на граѓаните, регионалната стабилност и заедничката европска перспектива, соопштија од кабинетот на Бегај.
Бегај оценил дека Албанците во Северна Македонија се “фактор за градење на државата и гарант за стабилноста, демократијата и евроатлантската ориентација на земјата”.
-Тие остануваат најсилниот мост на пријателство, соработка и природни врски меѓу нашите две земји, рекол тој.
Веле Трпевски беше амбасадор на Македонија во Албанија, а претходно и во Австралија.
Тој доаѓа на местото на Данчо Марковски, чиј мандат заврши на крајот од 2024 година, по што вршител на должноста, до пензионирањето, беше Љуфтим Спахиу а од средината на минатата година Радмила Стојмировска.
јуни 6, 2026


