Вести
Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената во општините, најголема поддршка од Владата досега
Со инвестиција од 4,2 милиони евра првпат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената во општините. Ова е најголема поддршка досега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиената – истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на работилницата „Планови за одржлива урбана мобилност“.
Се купуваат 49 возила од различен тип, кои треба да му помогнат на Град Скопје и на другите општини за подобрување на состојбата со хигиената. Се купуваат 17 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со вкупна вредност од 1,5 милион евра, 3 мултифункционални возила за урбано одржување хигиена со соодветни механизми со вредност од 283 илјади евра, 9 специјализирани камиони, кои се во вредност од 982 илјади евра, 21 машина за чистење улици во вредност од 1,3 милиона евра или вкупно, како што кажав, за 4,2 милиони евра се купуваат 49 возила со поддршка на Светската банка, што сериозно ќе помогне во подобрување на состојбата со хигиената – рече Николоски.
Посочи дека ова е најголем инвестициски циклус во општините и најави дека ваквите активнсоти ќе продолжат и во следниот период.
Веќе разговараме со Светската банка, следна недела нивната мисија е тука за нови проекти, кои ќе бидат во насока на подобрување на состојбата во општините, секако и други проекти што заеднички ќе ги работиме – изјави вицепремиерот Николоски
јуни 5, 2026


