Connect with us

Вести

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин во Братислава.

Споменикот е поставен под замокот Девин, на сливот на реките Дунав и Морава на 17 ноември 2005 година и е дело на словачкиот скулптор Петер Месарош. Според авторот, металната решетката ја симболизира надминатата пречка на патот кон слободата, додека трагите од куршуми на портата ги претставуваат жртвите на Железната завеса.

Во рамки на посетата на Братислава, македонската претседателка оствари средби со претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Утре, претседателката ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за св. Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1