Connect with us

Култура

„Тоска“ од Пучини в сабота на „Мајски оперски вечери“

Во рамки на 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, в сабота во Националната опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Тоска“ од Џакомо Пучини.

Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде секој момент носи нова неизвесност.

-Музиката на Пучини ја води драмата со неверојатна енергија, создавајќи атмосфера што ја освојува публиката уште од првиот тон. Во свет полн со брзи моменти и секојдневен хаос, ретки се вечерите што навистина оставаат впечаток. Ова е токму такво искуство — спектакуларна сценографија, оркестар во живо и приказна што со генерации ја одушевува светската публика, соопшти НОБ. 

Режисер е Огњан Драганов од Бугарија, диригент Марчин Наленч Њешјоловски од  Полска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска. Насловната улкога ќе ја игра Марија Јелиќ од Србија. а во екипата се и солисти од Бугарија, Италија и од Националната опера и балет.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1