Connect with us

Сервисни информации

Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде биле регистрирани 5 степени. Во Берово се измерени 6 степени, 7 во Куманово, 8 во Крива Паланка, а 9 степени во Скопје-Петровец, Штип, Крушево, Маврови Анови и Лазарополе.

Според УХМР, 10 степени биле измерени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес и Струмица, 11 во Претор и Виница, 12 во Кавадарци и Гевгелија, додека најтопло било во Охрид, Битола, Прилеп и Демир Капија со измерени 13 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал на Попова Шапка, каде се измерени 6 литри на квадратен метар. Во Крива Паланка наврнале 3 литри, во Берово 2, а по 1 литар дожд е измерен во Охрид и Виница.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Попладне се очекува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во западните делови ќе дува западен ветер, а долж Повардарието северен ветер со повремени засилувања.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1