Ракомет
Червар потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер
Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2025/26 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар, објави претпладнево Еурофарм Пелистер.
Хрватскиот тренер се обрвза на двегодишен договор со клубот од Битола.
Во својата богата тренерска кариера, Червар беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, ги водеше Загреб и Металург, ги освои скоро сите титули со националниот тим на својата земја.
-Чувствуваме дека ова е вистински момент проектот да му биде доверен на Лино Червар, а со тоа Еурофарм Пелистер да се издигне на уште повисоко ниво од годините на трите шампионски титули и учеството во Лигата на шампионите, додаваат од битолскиот клуб.
Еурофарм Пелистер сезонава не ја одбрани шампионската титула во македонското првенство.
мај 13, 2026
