Connect with us

Скопје

Град Скопје: Обезбедено е специјално возило за потребите на Противпожарната бригада од Скопје

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции, соопштија од Град Скопје.

-Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет, се наведува во соопштението.

Од Град Скопје посочуваат дека оваа вредна донација од општествено одговорна компанија значително ќе ги зајакне капацитетите на скопските пожарникари за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен. Воедно, најавуваат продолжување на инвестициите во модернизација на Противпожарната бригада, со цел поголема безбедност и подобра заштита на граѓаните и нивниот имот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1