Свет
Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес.
„Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента на воената соработка што ја имаме“, рече Нетанјаху во емисијата „60 минути“ на на американската телевизија.
Израел добива секоја година околу 3,8 милијарди долари американска воена помош, рече тој. САД се согласија да обезбедат вкупно 38 милијарди долари воена помош за Израел од 2018 до 2028 година.
Но, сега е апсолутно вистинското време за евентуално ресетирање на финансиските односи меѓу САД и Израел, рече Нетанјаху.
„Не сакам да чекам до следниот Конгрес“, изјави тој за Си-Би-Ес. „Сакам да почнам сега“, објави Ројтерс.
Иако Израел долго време имаше двопартиски консензус во рамките на американскиот Конгрес за воената помош, поддршката од пратениците и јавноста е поделена од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година.
мај 11, 2026

