Connect with us

Свет

Протести ширум Германија против евентуално враќање на задолжителен воен рок

Десетици илјади ученици денеска протестираа ширум Германија поради евентуалното враќање на задолжителниот воен рок.

Протестите во организација на иницијативата „Училиштен штрајк против регрутацијата“ се одржаа во речиси 130 градови, меѓу кои Берлин, Хамбург, Бон и Минхен.

– Се сеќаваме на историскиот 8-ми мај и даваме јасна изјава: никогаш повеќе војна, никогаш повеќе фашизам, никогаш повеќе регрутација, објави групата на 81-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Околу 2.000 студенти и нивни поддржувачи се собраа во Берлин кај Бранденбуршката порта, по што маршираа до седиштето на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Никогаш повеќе војна! Никогаш повеќе фашизам!“, „Вашите војни – без нас!“, „Богатите сакаат војна, младите сакаат иднина“, „Нема војна, само класна војна“.

Според новиот германски закон за воена служба, што стапи во сила на почетокот на годината 2026 година, ги обврзува сите мажи кои ќе наполнат 18 години да пополнат прашалник со кој се проценува нивната физичка подготвеност, вештини и интерес за приклучување кон вооружените сили. Засега е на доброволна основа, но демонстрантите тврдат дека владата планира постепено повторно да воведе регрутација.

Новиот закон за воена служба треба да се справи со хроничниот недостиг на персонал во германските вооружени сили, кои моментално бројат околу 184.000 активни војници. Поради растечките меѓународни кризи и целите на НАТО, германското Министерство за одбрана планира да го зголеми бројот на војници на повеќе од 260.000 до 2035 година. Аналитичарите предупредуваат дека за таа цел би требало околу 20.000 нови регрути годишно, што тешко би се постигнало на доброволна основа.

Доколку доброволната регистрација не е доволно успешна, германскиот парламент би можел повторно да го разгледа законот и да воведе регрутација врз основа на потребите или дури и задолжителна воена служба.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4