Connect with us

Свет

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбajл повика на поблиска економска соработка со Канада, наведувајќи ги зголемените геополитички тензии и економските последици од конфликтот со Иран, јави ДПА.

Зборувајќи за време на состанокот во Торонто со канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампан, Клингбеил рече дека Европа мора да ги намали своите стратешки зависности и да ја зајакне својата економска отпорност и суверенитет.

„Станува јасно дека Европа мора да се ослободи од зависностите и да ја зајакне својата отпорност и суверенитет,..Канада е идеален партнер за тоа“, изјави тој.

Дводневната посета на Клингбеил има за цел проширување на соработката во области како што се критичните суровини, одбраната и вештачката интелигенција.

Шампан го истакна своето неодамнешно учество на состаноците на министрите за финансии на ЕУ и Еврогрупата, нагласувајќи дека поблиските врски со Европа се одразуваат заеднички интерес за зајакнување на трансатлантската соработка. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1