Connect with us

Хроника

Пронајдена почината студентка во стан во Штип

Пронајдена е починато помладо женско лице во стан на улицата „Васил Главинов“ во Штип. Според станарите на зградата станува збор за турска студентка, која студира на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. Командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов за МИА потврди дека се повикани да интервенираат и да влезат во станот преку врата на балконот, бидејќи станот имал блиндирана врата.

Според првичните информации лекарите и медицинскиот тим од Итната медицинска помош констатирале смрт, но не можат да утврдат дали станува збор за насилна смрт.

Телото ќе биде предадено на обдукција во Клиничка болница-Штип, по што ќе се утврдат причините за смртта на турската студентка.

Пред зградата на улицата „Васил Главинов“ во централното градско подрачје има возила на СВР-Штип, а увид ќе изврши и обвинител од ОЈО-Штип. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3