Connect with us

Хроника

Приведен возач од Тетовско кој напуштил место на сообраќајна незгода

СВР Тетово информира дека ноќеска во 01:30 часот на регионалниот пат Тетово -Јажинце, кај Лешок, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Б.К.(31) од Жилче.

Според СВР Тетово, тој без да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. 

-По неговото пронаоѓање, извршено е алкотестирање, при што му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта. Возилото било одземено, а тој бил задржан во полициска станица, соопшти СВР ТЕтово. 

Полицијата информира и дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2