Connect with us

Скопје

Преку јавно-приватно партнерство до паметно јавно осветлување во Општина Аеродром

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување јавно-приватно партнерство за реализација на проектот „Модернизација на јавното осветлување“ – значаен чекор кон современа, енергетски ефикасна и безбедна општина. Оваа одлука беше изгласана денеска на седницата на Советот на Општина Аеродром.

-Со овој проект ќе се воведе нов, модернизиран систем на јавно осветлување со примена на современи технологии за автоматизација, управување и поставување штедливи светилки што ќе овозможи подобро осветлени улици, поголема безбедност и значителна енергетска ефикасност, велат од општината.

Преку моделот на јавно-приватно партнерство, нагласуваат, приватниот партнер ќе ја преземе обврската за финансирање, управување и одржување на системот, како и трошоците за електрична енергија во одреден период, што претставува одговорен и одржлив пристап кон модернизацијата на инфраструктурата.

-Оваа инвестиција значи помала потрошувачка на електрична енергија; современ систем за контрола и автоматизација; поквалитетно и поефикасно јавно осветлување; поголема безбедност за граѓаните; модерна и зелена урбана средина Постапката ќе се реализира транспарентно и согласно со законските процедури, преку отворена постапка, со цел избор на најповолно решение за граѓаните на Општина Аеродром, велат од локалната самоуправа.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1