Скопје
Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир
Општина Чаир денеска започна акциски процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред.
Од општинската прес-служба соопштија дека со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во различни делови на Чаир, а истовремено се придонесува и за заштита на животната средина.
– Од денес ослободуваме стотици паркинг-места за граѓаните и истовремено отстрануваме долгогодишен еколошки проблем. Ова се конкретни резултати што се гледаат и се чувствуваат секојдневно во Чаир – изјави градоначалникот на Чаир Изет Меџити.
Општина Чаир најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со конкретни мерки и активности во функција на подобрување на јавните простори и квалитетот на живот на граѓаните.
мај 7, 2026

