Connect with us

Свет

Анкета: Швајцарците пред закажаниот референдум се речиси рамноправно поделени во врска со ограничувањето на населението на 10 милиони

Швајцарската јавност е речиси рамноправно поделена во врска со референдумскиот предлог со кој бројот на жители би бил ограничен на 10 милиони – покажува новото истражување на јавното мислење спроведено пред гласањето закажано за 14 јуни.

Според анкетата на институтот ГфС од Берн, спроведена за јавниот сервис СРГ, 47 проценти од испитаниците ја поддржуваат иницијативата, исто толкав процент се против, а другите немаат оформен став. Истражувањето било спроведено врз примерок од 19.728 лица во периодот од 20 април до 3 мај.

Предлогот, кој го поддржува десничарската Швајцарска народна партија (СВП), предвидува постојаното население на земјата да не надмине 10 милиони жители до 2050 година, како и прекин на договорот за слободно движење во Европската Унија. Швајцарската влада се спротивставува на иницијативата предупредувајќи дека нејзиното усвојување би можело да ги наруши односите со ЕУ, главниот трговски партнер на земјата, и негативно да влијае врз економијата.

Официјалните податоци покажуваат дека населението на Швајцарија неодамна надмина девет милиони жители, а странските државјани сочинуваат повеќе од 27 проценти од вкупната популација. Паралелно, во земјата се води дебата и за поширокиот договор со ЕУ постигнат кон крајот на 2024 година, кој би ја продлабочил економската интеграција.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2