Connect with us

Политика

Стојаноски: За бугарската негација на Македонија, Филипче нема јасен и сериозен став

„Сметам дека тоа е добро обмислено, и сметам дека господинот Филипче од тоа место, давајќи една таква изјава сакаше да испрати порака, како што мислам и дека изјавите дадени на поткасти на членови на неговиот Извршен одбор исто така не беа случајни, туку тоа е порака која што треба некаде да стигне“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на  гостување во емисијата За или против на Алфа телевизија.

Пратеникот Стојаноски се осврна на дадената изјава на Венко Филипче дека Бугарија никогаш не го оспорувала нашиот идентитет и нагласи дека токму дадената изјава токму каде што се наоѓа почивалиштето на најголемиот македонски апостол, од аспект на револуционерната идеја, како што кажа тој, е добро обмислено и според него, Филипче испраќа две пораки. Тој додаде дека СДС немаат црвени линии и ја релативизираат бугарската негација на Македонија.


„Пораките се две. Првата е да стигне во дворот во Софија, во Бугарија, дека ете има некој кој што е спремен да прифати сето тоа коешто тие ќе го побараат, нешто за коешто сметам дека СДС за прв пат можеби и попушти на оние традиционални линии коишто ги имаа од тој аспект затоа што оваа позиција која што Филипче пред само неколку дена ја кажа на една национална телевизија е своевидно повлекување од дотогаш некој изграден став за ова прашање. Никогаш немале сериозен став, сега сметам дека СДС нема апсолутен никаков став. Втората адреса на која што сакаат да ја пратат пораката е, можеби на некои центри од надвор каде што исто како во 2015 и 2016 година ќе се надеваат на нивна помош, да дојдат до владата, а никако овие изјави не сакаат да ги упатат до оној којшто е суверен во оваа држава, а тоа е народот“, рече пратеникот Стојаноски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1