Connect with us

Свет

Мелони: Европската политичка заедница мора да премине од реакција кон предвидување на кризи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) изјави дека оваа платформа треба да дејствува проактивно и да развие политика за превенција на кризи, наместо да реагира откако тие веќе ќе се појават, пренесе АНСА.

Мелони изрази задоволство што на состанокот во Ереван е поканет и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, нагласувајќи ја важноста овој политички формат да соработува со партнери со слични ставови.

Таа, сепак, посочи дека вниманието на ЕПЗ треба во многу поголема мера да биде насочено и кон соседните региони, особено кон земјите од Медитеранот. Според италијанската премиерка, тоа е особено очигледно во моменти кога вниманието на меѓународната заедница е насочено кон таканареченото проширено медитеранско подрачје.

– Миграцијата е составен дел од една повеќеслојна криза и никој не може сам да се справи со неа. Затоа соработката е од суштинско значење. Во последните години постигнавме значителен напредок на ниво на Европската Унија“ – истакна Мелони.

Таа додаде дека ЕУ во изминатиот период покажала способност да реагира во кризни ситуации, како што беа пандемијата на коронавирусот и војната во Украина.

„На ниво на ЕУ во последните години ја докажавме нашата способност да одговориме на вонредни ситуации. Но, сметам дека сега треба да направиме квалитативен исчекор. Тоа значи да преминеме од способноста за реагирање на кризи кон способноста за нивно предвидување“, нагласи Мелони.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2