Свет
Карни: Европа и Канада не се осудени да трпат еден брутален светски поредок
Европа и Канада не се осудени да трпат еден брутален светски поредок – изјави денеска канадскиот премиер Марк Карни на самитот на Европската политичка заедница во Ереван, објавија француските медиуми.
– Не веруваме дека сме осудени да се потчиниме на еден светски поредок што сè повеќе се карактеризира со трансакциски и брутални политики. Состаноците како овој пред нас отвораат поинаков пат – рече Карни.
На овој неформален форум во главниот град на Ерменија учествуваат речиси сите европски земји, со исклучок на Русија и Белорусија.
мај 5, 2026

