Регион
Светската банка намали прогноза за раст на Србија во 2026 година на 2,7% поради последиците од војната на Блискиот Исток
Во Белград денеска беше презентиран редовниот економски извештај на Светска банка според кој прогнозата за економски раст за Србија е намалена од 3,0 на 2,7 проценти оваа година, и од 3,1 на 3,0 проценти во 2027 година, поради глобалната неизвесност и последиците од конфликтот на Блискиот Исток.
Водечкиот економист во СБ за Западен Балкан, Ричард Рекорд, истакна дека меѓународната финансиска институција прогнозира економскиот раст на Србија од четири проценти во 2028 година.
СБ, исто така, очекува дека инфлацијата во Србија ќе достигне шест проценти или малку повеќе од шест проценти до крајот на оваа година, а потоа ќе се врати во границите на целта на Народната банка на Србија од три, плус-минус 1,5 проценти.
април 30, 2026

