Connect with us

Култура

Во велешкиот театар подготовки за новата претстава „НОНА“

Во Театарот  „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес во тек се интензивни проби за новата претстава „НОНА“, дело на аргентинскиот драмски автор Роберто Коса. Режијата  е  Дамјан Костовски, кој на сцената ќе ја донесе оваа позната црна комедија што со децении предизвикува интерес кај публиката ширум светот.

Како што информираат од велешкиот театар, насловната улога, ликот на Нона, ја толкува актерот Фаик Мефаилоски, а во претставата останатите улоги ги толкуваат и Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева.

Креативниот тим е составен од Филип Коруновски како сценограф, Марија Пупучевска како костимограф, Сашко Костов како автор на музиката, Кренаре Невзати-Кери кореографија и сценски движења и Катерина Момева, драматург.

Од театарот појаснуваат дека претставата „НОНА“ е едно од најзначајните дела на Роберто Коса, кое преку хумор и апсурд ја отвора темата за семејните односи, општествените притисоци и човечката алчност. Со оваа продукција, Театар „Џинот“ продолжува да ја збогатува својата репертоарна понуда со современи и провокативни текстови.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4