Connect with us

Култура

Монодрами од Грузија, Ерменија и Македонија на фестивалот во Битола

Во Центарот за култура во Битола, со презентација на монодрами од Грузија, Ерменија и Македонија, вечер завршува натпреварувачкиот дел од Интернационалниот фестивал на монодрама.

Публиката и стручното жири ќе може да ги видат настапите на Јано Изорија, член на театарот „Поти Валеријан Гунија“ од Грузија кој ќе ја изведе монодрамата „Кваркваре“, веднаш по него ќе настапи Арман Матевосјан, актер во театарот „Локација“ во Ерменија, а во новата бар-сцена натпреварувачкиот дел ќе го заврши македонската актерка Трајанка Илиева Вељиќ, која ќе ја изведе монодрамата „Џеки“ во режија на Жива Бизовичар.

Според програмата, напладне во битолскиот Офицерски дом ќе се одржи работилница на тема „Текот на умот и душата“ на која предавач ќе биде Наира Једигајран од Ерменија.

Интернационалниот фестивал на монодрама завршува утревечер со доделување на награди за најдобра монодрама и актер на фестивалот, а во чест на наградените ќе биде одиграна претставата „Гидионовиот јазол“ на Драмски театар“ Скопје.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1