Connect with us

Култура

Монодрами од Бугарија и Полска во Центарот за култура Битола

Интернационалниот фестивал на монодрама продолжува со две претстави во конкуренција кои ќе ги изведат гости од Бугарија и Полска.

На големата сцена во НУ Центар за култура вечер ќе настапи Албена Ставрева, актерка од бугарскиот театар „Иван Вазов“, која ќе ја изведе монодрамата „Во темнината“, а на нова сцена ќе гостува актерот Костјантин Новиков од театарот „Кхата“ во Полска, кој во Битола се натпреварува со монодрамата „Глупости“.

-Кога избиравме, гледавме пријавените да имаат силни актерски остварувања. Суштината на овој интернационален фестивал е да ги поврзува луѓето, да се запознаваат меѓу себе и да ги носат монодрамите насекаде. Фестивалот во нашиот град е исклучителна можност нашите сограѓани да видат уметност што се создава низ целиот свет. Ако ние немаме привилегија да патуваме насекаде низ светот, тогаш имаме голема можност светот да го видиме дома, во нашиот град, истакна селекторот Благој Мицевски, во пресрет на новите монодрамски изведби.

Интернационалниот фестивал на монодрама се одржува со поддшка на Министерството за култура и туризам и Општина Битола. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1