Скопје
Промовирана книгата The Skopje Project од проф. д-р Огнен Марина
Во рамките на меѓународната конференција за проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ беше промовирана книгата The Skopje Project од проф. д-р Огнен Марина – информираат од Град Скопје.
Делото го прикажува Скопје како уникатен пример на меѓународна солидарност и урбана обнова по земјотресот, со учество на врвни светски архитекти и поддршка од Обединетите нации.

– Книгата претставува значаен придонес во разбирањето на историскиот и современиот развој на градот потсетувајќи на неговата глобална важност и потенцијал за идни урбани трансформации – велат од Град Скопје.
Од таму додават и дека нејзината порака е особено релевантна во контекст на подготовките за 2028 година нагласувајќи ја улогата на културата како двигател на развојот и соработката.
април 25, 2026

