Connect with us

Култура

„Оловното војниче” – концерт за деца во Филхармонија

Оркестарот на Македонската филхармонија денеска напладне, од 12 часот, ќе одржи концерт за најмладите – „Оловното војниче” од Ханс Кристијан Андерсен на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. 

Музичката приказна која ќе се одвива на сцената, ќе биде надополнета со видео проекција на филмско платно. 

-Еднаш многу одамна, едно малечко дете за роденден доби поклон кутија со играчки. Внатре во кутијата беа сместени дваесет и пет оловни војничиња кои беа направени од една стара голема оловна лажица. Детето многу се израдува и веднаш ги постави војничињата на масата каде што имаше и многу други играчки. Сите војничиња беа исти. Носеа црвено – сини униформи, а пушките ги држеа високо исправени потпирајќи ги на своите раменици. Беа наместени во строј и спремни за марширање, вака почнува една од најубавите приказни од Ханс Кристијан Андерсен посветена на љубовта помеѓу две играчки. 
 
Концертот ќе биде под диригентство на Борјан Цанев, а наратор е Мартин Јордановски.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3