Сервисни информации
Стабилно и потопло време во наредните денови
Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, а утре и во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени, соопшти УХМР.
Минималната утринска температура ќе се спушти до -2, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени.
април 23, 2026

