Connect with us

Сервисни информации

Нивото на водата на Охридското Езеро сантиметар под месечниот просек

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,56 метри надморска височина или еден сантиметар под просекот за април, утврден на котата 693,57 мнв.

Водостојот на езерото е драстично подобар споредено со минатата година. На 22 април лани нивото на водата во езерото се наоѓаше 25 сантиметри под месечниот просек.

Добрата „кондиција“ во која се наоѓа езерото кога станува збор за водостојот се должи на продолжениот период со интензивни врнежи што го зафатија регионот. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 1