Скопје
Општина Аеродром го одбележа 21. роденден
Со свеченост во паркот „Јане Сандански“ денеска беше одбележан 21-от роденден на Општина Аеродром.
На настанот, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со претседателката на Советот, Сузана Павловска, доделија признанија на жители на општината кои со својот ангажман и успеси дале значаен придонес во областа на науката, образованието, спортот и културата.
Во обраќањата беше истакнато дека Општина Аеродром континуирано ги поддржува своите жители, ги поттикнува нивните идеи и го вреднува трудот и постигнатите резултати, со што се гради силна и просперитетна заедница.
Посебен акцент беше ставен на младите како двигател на развојот, при што беше нагласено дека нивната енергија, креативност и визија се основа за идниот напредок на општината.
Од Општина Аеродром порачаа дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на квалитетот на живеење и создавање нови вредности за сите граѓани.
април 19, 2026

