Сервисни информации
Безбедна за пиење водата во Скопје
Безбедна за пиење е водата на скопската територија, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 11 април зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираа од јавното градско претпријатие.
април 14, 2026

