Политика
Манасиевски: Филипче и таквите како него да сфатат дека Македонија нема да прави повеќе отстапки, нема веќе “како до сега”
Македонија нема да се помести ниту милиметар од своите позиции додека не добие јасни, цврсти и писмени гаранции од Европската Унија во форма на заклучоци.
Македонија и граѓаните веќе еднаш платија прескапа цена поради лековерноста и погрешните политики на СДС, предводени од Зоран Заев и Венко Филипче. Тогаш беше променето уставното име на Македонија, со длабоки уверувања дека тоа ќе значи сигурен влез во Европската Унија.
Но, наместо членство во ЕУ, Македонија доби нови условувања, нови блокади и нови понижувања. Затоа овој пат нема да има отстапки без гаранции, без заштита на националните интереси и без сигурност дека секој чекор навистина ќе значи реален напредок во евроинтегративниот процес.
Затоа, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, наместо да бара уставни измени, нека му пренесе на својот бугарски претседател Румен Радев дека Македонија очекува конкретна испорака од бугарска страна, а таа испорака започнува со почитување и спроведување на пресудите од Стразбур.
Почитувани граѓани,
Испраќаме јасна порака до Венко Филипче и таквите како него. Без гаранции од ЕУ нема уставни измени. Без испорака на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија, нема поместување на македонската позиција. Македонија ќе продолжи по европскиот пат, но достоинствено, заштитено и без прифаќање на уцени и диктати.
јуни 1, 2026
