Connect with us

Скопје

Градоначалникот Костовски во Приштина: Општина Бутел доби нов проект од ЕУ

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, во Приштина учествуваше на завршната церемонија за доделување на грантови за општините преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија.

Како што соопшти Општина Бутел, проектот „Заеднички напори за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста – REDUCE“ е финансиран од Европската Унија преку ИПА III програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија 2021-2027

Проектот „REDUCE“ има за цел да придонесе кон почиста и поодржлива животна средина преку подобрување на системите за собирање, селекција и рециклирање на отпад. Активностите во најголема мера се насочени кон надминување на заедничките предизвици со кои се соочуваат и двете општини во Косово и Македонија, наведуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека проектот ќе помогне општината да ги унапреди своите практики, согласно европските стандарди за заштита на животната средина. Добивката од проектот “REDUCE” е почиста и поздрава животна средина, современо управување со отпад и поголема еколошка свест кај граѓаните. Со помош и поддршка од Европската Унија се создаваат конкретни и долгорочни решенија кои во голема мера ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1