Connect with us

Скопје

ООУ „Блаже Конески“ домаќин на презентација на средните стручни училишта во Аеродром – младите таленти и занаети во фокус

ООУ „Блаже Конески“ денеска беше место каде што знаењето, талентите и занаетите се споија во една инспиративна и едукативна атмосфера. Во соработка со Занаетчиската комора и со средните стручни училишта на Град Скопје, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со различни струки, професии и можности за продолжување на своето образование.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој ја истакна важноста од навремено препознавање и поттикнување на детските таленти, интереси и способности.
„Секое дете носи посебен потенцијал и токму затоа наша обврска како општество е да им помогнеме навреме да го пронајдат својот пат. Занаетите имаат огромна вредност и значење, а вложувањето во младите е најважната инвестиција за иднината“, истакна Митески.
Учениците покажаа голем интерес за различните образовни насоки и професии, а ваквите средби претставуваат значајна поддршка во нивниот избор за понатамошно образование и професионален развој.
Општина Аеродром останува посветена на создавање можности за младите, поддршка на нивните таленти и поттикнување на квалитетно образование. Учениците од Аеродром со своите успеси, освоени награди и интереси во различни области секојдневно потврдуваат дека се нашата најголема гордост и надеж за подобра иднина.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1