Регион
Советот на министри на Босна и Херцеговина усвои договор за олеснување на процедурите на границата со Хрватска
Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска го усвои Извештајот за преговорите за склучување договор за граничните премини со Хрватска, соопшти босанската национална телевизија БХРТ.
Се очекува договорот да ги олесни процедурите за преминување на границата меѓу Босна и Хрватска и да го подобри надзорот.
Во договорот се наведени шест гранични премини за преминување на меѓународниот сообраќај на патници и стоки, кои се опфатени со законодавствата на двете земји и подлежат на инспекции и надзор, како и уште 17 гранични премини за патници и стоки, 20 премини само за патници и 10 постојани гранични премини за пограничен сообраќај.
Преговорите за склучување на договорот за граничните премини меѓу Босна и Хрватска почнаа на крајот на 2025 година и завршија успешно на крајот на февруари 2026 година.
По денешното одобрување од Советот на министри, се очекува договорот да биде испратен од Министерството за безбедност до босанското Претседателство, а по одобрувањето да биде вратен за потпис кај претседателката на Советот на министри, Борјана Кришто. Договорот стапува во сила од моментот на неговото потпишување.
Кришто коментираше дека договорот ќе го олесни и забрза превозот на патници и стоки преку границата и затоа е важно процедурата за неговото стапување во сила да биде завршена што е можно поскоро.
мај 22, 2026
