Connect with us

Регион

Во Унско-санскиот кантон еден министер приведен, друг осомничен за примање мито и тргување со влијание

Министерот за образование, наука, култура и спорт на Унско-санскиот кантон во Федерацијата Босна и Херцеговина, Денис Османкиќ денеска е приведен во Бихаќ под сомнение за примање мито и тргување со влијание.

Полицијата изврши претрес и во кабинетот на министерот за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, Аднан Хабиби.

Акцијата е спроведена поради сомнение дека Османкиќ и Хабиби сториле кривично дело примање мито и трговија со влијание. Полицијата врши претреси на повеќе локации на подрачјето на Бихаќ и Велика Кладуша.

Османкиќ и Хабиби се кадри на Социјалдемократската партија на БиХ, дел од владејачката пробосанска коалиција Тројка.

Сараевските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека Османкиќ и Хабиби се вмешани и во спорниот прием на кадети во Министерството за внатрешни работи во Унско-санскиот кантон.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1