Connect with us

Политика

Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните

Иако станува збор за ПРОСЕЧНА синдикална кошничка, ССМ во новата пресметка за мај месец, пресметала минимално намалување од 54 денари во споредба со кошничката од април месец.

Иако кошничката е далеку од релевантна, поентата е дека дури и на оваа кошничка на ССМ, креирана и одобрена од СДС, сумата е НАМАЛЕНА.

Што значи ова?

Дека лагите на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ не се справува добро со кризата паѓаат во вода.

Во услови на најголемата историски гледано енергетска и нафтена криза, ние имаме најниски цена на горивата во регионот, па и Европа, ММФ директно ја посочи Македонија како една од трите земји кои презела најдобри мерки за справување со кризата, цената на струјата не се поскапува ниту за денар, а во исто ова време, растат платите, пензиите, капиталните инвестиции се реализираат и се враќаат долгови кои неспособната власт на СДС и ДУИ ги создаде за да можат да си ги пикнат во џеб.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните!

Маркетинг
Ad 1
Ad 1