Ракомет
Ојлески: Максимално мотивирани ќе играме на секој натпревар до крајот на сезоната
Ракометарите на Охрид до крајот на сезоната ги очекуваат уште четири натпревари, најмногу од сите суперлигаши бидејќи покрај двата дуела од домашното првенство имаат и два европски против унгарска Татабања во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани се свесни дека и домашните дуели, пред сè првиот со првакот Еурофарм Пелистер се од голема важност.
– Не очекуваат тешки натпревари. Првиот е веќе во среда против Еурофарм Пелистер. Одлична екипа, учесник во Лигата на шампионите. Но, тоа е дуел за второто место на табелата. Последните денови ни фалеа неколку играчи поради репрезентативни обврски. Сепак, ова е натпревар со голем товар за двата тима. Секако ние ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат, а потоа ни следува дуелот (прво финале) со Татабања. Максимално мотивирани ќе играме на секој натпревар, изјави Гоце Ојлески.
Дуелот од 9.коло од Супер лигата – плеј Охрид – Е.Пелистер се игра на 20.мај (среда) во СЦ „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот. Во последното коло Охрид гостува кај Тиквеш. На табелата Охрид е втор и има 50 бодови, или два повеќе од Е.Пелистер, па и нерешен резултат во дербито може да им го донесе второто место на табелата
мај 20, 2026
