Connect with us

Вести

Средба Гаши – Цамај: Македонија и Црна Гора негуваат традиционално пријателство, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на којa биле нагласени традиционалното пријателство и долгогодишната конструктивна соработка и поддршка меѓу двете земји.

Тој, како што информираат од собраниската прес-служба, ѝ посакал на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во ЕУ и истакна дека за жал, нашиот пат кон ЕУ е попречен од билатерален спор со соседна Република Бугарија. Нагласил дека како држава продолжуваме интензивно да работиме на реформскиот процес, кој е важен за нашиот напредок. Во таа насока, но и во делот на евроинтеграцискиот пат искуството на Црна Гора, Гаши истакнал дека за нас е многу значајно.

Цамај нагласил дека Црна Гора е посветена на целта за две години, односно во 2028 година да стане полноправна членка на Европската Унија. Тој информирал дека досега, во процесот на преговори со ЕУ, затвориле 14 поглавја, отворени сѐ уште 19, но на нивниот евроинтеграциски пат очекуваат поддршка од сите земји членки на ЕУ.

Двајцата соговорници истакнале дека во двата парламенти се формирани групи за соработка и ја нагласиле важноста овие групи да ја интензивираат соработката, особено во делот на размена на искуства во евроинтегративниот процес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1