Скопје
Митевски: Во завршна фаза реконструкцијата на кракот на булеварот „Трета македонска бригада“
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности што се одвиваат на терен на овој значаен сообраќаен потег во Аеродром, кој за првпат добива целосна и темелна реконструкција.
-Со проектот обновуваме делница во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и нови тротоари на површина од 1.500 м².
Особено е важно што за првпат овде поставуваме и улично осветлување, со што значително ќе се подобрат безбедноста, видливоста и условите за сообраќај. Ова е многу фреквентна делница што секојдневно ја користат и граѓаните и компаниите што функционираат во овој дел од Аеродром.
Вредноста на инвестицијата изнесува 17 милиони и 908 илјади денари. Овој проект е дел од поширокиот циклус за реконструкција на улици во Општина Аеродром, во вкупна должина од 5,4 километри и вредност од 138 милиони денари, средства обезбедени од македонската Влада преку Министерството за транспорт и врски.
Продолжуваме посветено да инвестираме во модерна, безбедна и функционална инфраструктура за сите граѓани.
мај 18, 2026
