Connect with us

Ракомет

Мицкоски: Ова е победа за Македонија и за целиот народ

Македонската ракометна репрезентација обезбеди нов пласман на Светското првенство, откако убедливо ја совлада Словачка и во реванш натпреварот, потврдувајќи го местото меѓу најдобрите светски селекции. Големиот успех предизвика бројни честитки од државниот врв, спортската јавност и навивачите.

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи им честиташе на ракометарите за успехот, посочувајќи дека овој резултат е гордост за целата држава.

„Пласманот на Светското првенство е успех што му припаѓа на целиот македонски народ. Со борбеност, достоинство и македонско срце, нашите ракометари покажаа како се брани честа на татковината. Ова е победа за Македонија, за народот и за сите генерации што веруваат во македонскиот спорт“, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонските ракометари со сигурна и дисциплинирана игра доминираа на теренот, а поддршката од трибините уште еднаш покажа дека ракометот останува еден од најважните спортови во земјава. Со новиот мундијалски пласман, репрезентацијата продолжува да ја одржува традицијата на настапи на најголемата светска сцена.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1